Македонија
16. May 2017 - 16:42

Сител тема: Влијание во расположението, главоболка, малаксаност, вртоглавици

Главоболка, нерасположеност, поспаност... овие симптоми деновиве ги има секој втор човек. Наглите промени на времето влијаат и на здравите и на хронично болните. Ги чувствуваат и млади и стари. После облачноста, кога ќе заврне сите се чувствуваат подобро. Ваквите состојби според лекарите се должат на климатските промени. Најлошо поминуваат метеоропатите.

-Има луѓе кои се примарни метеоропати и директно влијае промена на времето на нив. Посебно во промена на расположението, главоболка, промена на крвниот притисок, кардиоваскуларни заболувања, тука спаѓаат и ревматските заболувања, изјави д-р Оливер Зафировски, дитектор на Детската болница Козле и експерт за климатски промени.

Доктор Зафировски кој е педијатар и експерт за климатски промени вели дека многу надворешни фактори поврзани со времето директно влијаат врз здравјето на луѓето.

-Сите тие промени, надворешни физички фактори, температурата, влажноста, пикот и концентрацијата на поленот влијаат негативно на белодробните болести, а особено кај децата, бидејќи младиот организам сеуште имунолошки е незрел да одговори на овие промени, додаде д-р Зафировски.

Поради ваквото време во институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле деновиве  имаат сличен број на пациенти како во јануари кога беше пикот на грипот.

- Наглите промени на времето најмогу влијаат на хронично болните и децата. Само во детската болница Козле дневно лекарска помош бараат над 100 дечиња. Најголем дел се со вирози и алергиски реакции.