Македонија
23. јуни 2017 - 17:48

СИТЕЛ ТЕМА: Охридското Езеро како канал за превоз на дрога

Со моторни чамци по водите на Охридското езеро на прекуграничниот појас помеѓу Албанија и Македонија се пренесува огромно количество на дрога .Криминалната група по добро разработена мрежа по т.н.водни канали ја шверцува робата спакувана најчесто во платнени црни кеси и најлонски паковки  потоа  на брегот до населените места кои што се најблиску до државната граница најчесто во вечерните часови привремено ја складира зависно од потребите на нарко  пазарот. Шверцот зема се поголем замаф и покрај тоа што дел од организаторите за транспорт и се добро познати на полицијата многу често во нивните акции вклучуваат и нови лица па дури индиректно и жени кои заработуваат огромни суми на пари.

Вкупно 164 килограми опојна дрога марихуана, се пронајдени и одземени од страна на полицијата од почетокот на годинава до денеска која на пазарот би достигнала цена од околу 200 илјади евра.

Инаку овој месец беше фатена повеќечлена група во обид да шверцува 39 килограми марихуана од Албанија во Македонија  преку водите на охридското езеро наменета за странскиот пазар.