Македонија
27. February 2017 - 16:36

Сител тема: Личните податоци не се читаат на интернет

Пронајдена е лична карта го познавате ли сопственикот да му ја вратиме, овие објави се се почести на социјалните мрежи. Се поставува личниот документ со сите податоци а оној го го пронашол смета дека со јавното објавување прави добро дело. Паричници, легитимации, пасоши и возачки дозволи, граѓаните кога ќе  загубат нешто  не се свесни дека оној кој ќе ги пронајде може јавно да ги објави на интернет. Анкетираните велат не се доволно информирани како треба да постапат, но сепак не се сложуваат нивната фотографија, матичен број и адреса секој да ги има на увид.

Надлежните велат ваквиот вид на презентирање нечии документи претставува злоупотреба на податоци. Доколку сопственикот на документот или пак лицето чија фотографија е споделена на социјалните мрежи смета дека е извршена злоупотреба, треба да  пријави во дирекцијата за заштита на лични податоци.

Најтежок вид злоупотреба е крадењето на идентитет на интернет. Се користат сите податоци и се креира лажен  профил кој се користи за разни цели. Законот опфаќа и злоупотреба и крадење на лозинка на електронска  адреса, компромитирачки видео материјали, и секој друг вид на споделување нечии фотографии и податоци без дозвола. Надлежните апелираат особено да се внимава со објавувањето на фотографиите на малолетници.

- Доколку најдете нечија лична карта, возачка дозвола или легитимација она што треба да го направите е да пријавите во најблиската  полициска станица, секој друг вид на објава може да биде санкционирана.