Бизнис
23. May 2017 - 20:20

Сител тема: Колку плаќаат средношколците за матурската вечер

Вака средношколците  од скопското медицинско училиште синоќа ја прославија матурата. Дотерани од глава до пети, со музика се веселеа на последната заедничка дружба.

Меѓу најрасположените беше Ида Садиковиќ  која исто како и школските другари подолго време размислувала како најубаво да изгледа на прославата. Не сакаше да ја открие точната сума колку потрошила  но смета дека со малку пари може да се биде модерен и впечатлив.

Дали и останатите матуранти го следеле нејзиниот пример Сител побара мислење од модна креаторка.  .

А за тоа каква шминка бараат матурантките и како се движи цената на матурантските пакети..

Освен организираните матурски вечери изминативе денови кафеаните и рестораните беа резервирани за семејни прослави. Од таму велат дека годинава интересот е ист како и минатите години.  Во просек се прават веселби од 40 до 50 гости но има и такви кои прават и поголеми прослави.

Некои матуранти и нивните родители сметаат дека средното училиште треба да да се одбележи со поголема прослава. Сретен Кипријановски, татко на матурант вели дека седкојдневните работни обврски не дозволуваат подготовки на прославата во домашни услови поради што се одлучиле на веселба во кафеана.

Да се направи точна пресметка колку чини матурската прослава  е тешко и со сигурност зависи од домашниот буџет. Но според цените на услугите кои најчесто ги бараат матурантите очигледно е дека само з а изгледот се трошат повеќе од 50 евра а во некои случаи и повеќе од 1000. Оние пак кои се одлучиле за прослава во ресторан потрошиле и дополнителни 800 до 1000 евра.