Балкан
12. February 2017 - 19:30

Сител сторија: Тероризмот го сотре туризмот во Турција

Тероризмот го уништува туризмот во Турција.  Последната година, после серијата терористички напади и неуспешниот воен удар во земјата има речиси 4 пати помалку странски гости.

Податоците од Турскиот завод за статистика покажуваат дека во 2016 година приходите од туризам се намалени за 30%. Штета трпат сите атрактивни дестинации.

Според компанијата за истражување во овој сектор ForwardKeys ( Форвардкијс) бројот на патници на турските аеродроми минатат година е намален за 21 %. 

Ниту Истанбул не е полн со луѓе како порано,  вели за Сител косовскиот новинар Арбен Рашит кој долги години живеел и работел во Турција.

-Јас долго време доаѓам и тоа по неколку пати годишно во Истанбул. Нема веќе туристи како било претходно. Сега сме на Таксим каде имаше и по 1 милион луѓе за 24 часа. Сега нема многу гужва, гледаме и по продавниците кои и почнаа да ги затвараат, значи нема туристи. И не е исто како што беше Истанбул претходно, изјави за Сител Арбен Рашит, новинар  кој живеел и работел воТурција.

Се проценува дека Истанбул има помеѓу 17 до 20 милиони жители, а дневно градот кој се простира на два континенти го посетувале и до 2 милиони туристи, но денеска сликата не е иста. Странците  се плашат од терористички напади.

-Тие имаат проблеми со Курдите и ИСИС и знаете што се случува. Секој месец имаме терористички напади. Имаше и овде на Таксим. Туристите се плашат и не доаѓаат сега, додаде Рашит.

Само до пред 2 години Турција беше шестта најпопуларна туристичка дестинација во светот веднаш зад Италија.

По се почестите терористички напади и обидот за Пуч од пред 6 месеци овде во Турција, драстично е намалена и фрекфенцијата на луѓе на познатиот Таксим, овде има зголемено полициско обезбедување секој ден.