Македонија
16. September 2017 - 17:10

Сител сторија: Прилепчанката Фердита Алиоска има само 34 години и е мајка на 12 деца

Прилепчанката Фердита Алиоска има само 34 години и е мајка на 12 деца, од кои најстарото има 12 години, а најмалото една. Вели дека бракот во кој влегла  на само 12 години се покажал како целосно промашување, па сега оваа млада жена сама се бори со многудетноста и сиромаштијата. Десет години живее во две соби од кои сега, сопствениците бараат да се иссели. Стравувајќи дека ќе останат на улица, таа бара помош од сите кои можат на било кој начин да и помогнат за да не останат без покрив над главата.

Заради лошата материјална состојба и неможноста Фердита да ги одгледува децата, државата пет од нив веќе одзела и ги згрижила во други семејства. Од МЦСР посочуваат дека го знаат случајот на Фердита и потврдуваат дека таа ги остварува сите права кои и следуваат од државата и се свесни дека тоа не е доволно, па затоа семејството во континуитет еднократно се потпомага со парични средства, храна, облека и друго. Во меѓувреме работат и на решавањето на новонастантиот проблем со домувањето.