Македонија
18. April 2017 - 16:36

Сител анализа: Турција на Балканот има свои интереси, а тоа ќе остане така и по референдумот

Турција и по референдумот ќе остане заинтересира за мир и стабилност на Балканот, оценуваат  аналитичарите. Македонија не треба да стравува дека  договорот  мегу ЕУ и Анкара за мигрантите ќе се раскине, и покрај заострената реторика од двете страни, вели познавачот на состојбите на Блискиот Исток, Исмет Кочан.

И покрај тесната победа на референдумот и протестите на опозицијата, првите честитки до Ердоган пристигнаа од Вашингтон и Москва. За разлика од нив, европските лидери со загриженост гледаат на зголемувањето на надлежностите на турскиот претседател, а западните медиуми коментираат дека земјата се лизга кон диктатура.

На референдумот за уставни измени Ердоган успеа да добие поддршка на 51 отсто од гласачите, што покажа дека Турција е длабоко поделено општество. Опозицијата обвини за низа нерегуларности и побара повтроно гласање. Со победата на Ердоган, Турција  воведува претседателски систем, се  намалуваат овластувањата на парламентот и се укинува функцијата премиер.