Бизнис
11. September 2016 - 18:28

Сител анализа: Странските инвеститори ја намалуваат невработеноста

Се повеќе македонски фирми од металната и електро индустријата работат за странските компании во земјава. Голем дел од малите и средни бизниси се извозно ориентирани и многу од нив се добавувачи на инвеститорите  кои  почнале бизнис во Македонија.  Од асоцијацијата на метална и електро индустрија , од соработката бенефит имаат двете страни, домашните фирми повеќе работа, а странските полесно доаѓаат до репроматеријали, суровини и полупроизводи кои им се потребни за работа.

- Секогаш има простор за зголемување на соработката со СДИ. Инвеситтоирте  кои доаѓаат имаат потреба до локални добавувачи, рече  Гоце Пешев,извршен директор на МАМЕИ, македонска асоцијација на метална и електро индустрија.

Соработката со инвеситорите е дополнителен мотив домашните фирми да инвестираат во современа технологија и да ги слетат новите трендови. Освен оние кои почнале бизнис тука, има доста големи светски реномирани фирми кои сакаат да купувата од македонските бизнисмени.

- Макеоднските фирми мора да се докажуваат дека тие инвестиораатво модерна технологија  и да се тудат да ги задоволат барањата на СДИ. Влезот на инвеситторите освен што го билда извозот, помага на македонските фирми полесно да дојдат до нови пазари и го зголемува нивниот обем на работа, рече Пешев

Формирана е и база на податоци каде инвеститорите можат детално да се инофмрираат за македонските фирми од различни сектори со кои би можеле да соработуваат.  Месецот ќе се одржи и форум каде ќе присуствуваат домашни добавувачи и странски компании кои се заинтересирани да соработуваат.