Балкан
20. јуни 2016 - 13:14

„Сите знаеме кој ја уби Јелена“: И полицијата знае, само нема доволно силни докази...

Убиството на Јелена Марјановиќ е планирано темелно, бидејќи ништо не е препуштено на случајност, па дури ни пораките, тврди криминологот Златко Николиќ.
 
- И полицијата и сите ние знаеме кој е убиецот, само не постојат доволно силни докази за судот. Тоа е единствената причина зошто убиецот е на слобода, - тврди Николиќ за „Информер“.
 
За потсетување, Јелена Марјановиќ беше убиена на 2 април, а полицијата се уште не успеа да го пронајде сторителот на ова мистериозно убиство кое го потресе регионот.