Македонија
24. November 2017 - 19:59

Сите за правично судење: Неправилности во постапката за процесот „Труст“

Повреда на правото на одбрана во насока на (не)еднаквост на оружјата на застапникот на обвинението и одбраната во предметот "Труст" констатира Коалицијата Сите за правично судење.

Коалицијата од повеќе невладини организации која го мониторирала судскиот процес изразува сомнеж во објективноста на судот во досегашното водење на процесот.

Не дозволувајќи ѝ на одбраната да ги презентира истите докази како и обвинителството, единствено под закрила на брзината односно економичност на постапката, судот во голема мера може да влијае на успешноста на докажувањето на „теоријата на случај“ на одбраната. Доколку се земе предвид идејата зад моделот на кривичната постапка, кој предвидува набљудувачка улога на судот и според која судот со доказите се запознава преку нивното презентирање од страна на странките кои сами ги предлагаат, ваквото постапување на судот предизвикува евентуален сомнеж и за објективноста на истиот. Фактот што судот одлучи дека доказите предложени од двете страни, ќе бидат изведени како докази на СЈО без притоа да постои законски основ за ваквата одлука, ниту пак објективно образложение зошто доказите да бидат презентирани како докази на СЈО, а не на одбраната, само го надополнува претходно истакнатиот сомнеж., стои во извештајот.

Набљудувачите констатираат дека дос ега судот му давал предност на СЈО во докажувањето на случајот.

Одлуките на судот, одбраната да не може да ги повика сведоците на СЈО како свои докази, но да ѝ дозволи на одбраната во вкрстеното испитување да поставува директни прашања надвор од прашањата кои биле претходно поставени, ја ускратува можноста одбраната да предочува свои докази на сведоците и да поставува прашања во врска со доказите, бидејќи истите уште не се изведени. Со тоа, во постапката се дава предност на „докажувањето на теоријата“ на случајот на СЈО, пишува Коалицуијата за правично судење.

Тие сметаат декја Спорен е и начинот на кој се изведуваат материјалните докази, поради тоа што СЈО во своето презентирање не ја изнесуваше во целост содржината на доказите, ниту пак потенцираше кој факт доказот го утврдува и во кој контекст тој се однесува на „теоријата на случајот“.

Иако Коалицијата Сите за правично судење го поздравува напредокот во соработката (која досега недостасуваше) помеѓу Основниот суд Скопје 1 и СЈО, истата повикува и на внимание оваа соработката да не прерасне во процес кој би можел да ги загрози правата кои обвинетото лице ги ужива согласно домашните и меѓународните прописи. Сепак, фер е кога е фер за сите., стои во извештајот на Коалицијата Сите за правично судење.