Здравје
3. September 2015 - 12:30

Сите сме биле во заблуда, водата не лечи од...

Науката ги сруши досегашните верувања дека мамурлукот по пијанството може да се ублажи дури и спречи доколку во организмот се внесе доволно вода. 
Данските научници тврдат дека без обзир на тоа колку вода ќе испиете по конзумирање на алкохол со тоа нема да можете да го спречите мамурлукот.
Нивната студија донела заклучок дека единствен начин да ја спречите главоболката и мачнината и останатите непријатни тегоби е начинот кој најмалку ќе ви се допадне а тоа е да пиете што помалце.
Во истражувањето во кое учествувале повеќе од 800 студенти утврдено е дека ни храната ни водата не ги ублажува симптомите на мамурлукот.