Фудбал
3. December 2015 - 15:27

Сите на СП: ФИФА го зголемува бројот на учесници на 40?!

Сите играат фудбал, веќе позната фраза која најверојатно ќе заврши со проширување на бројката на учесници на Мундијалот во 2026 година на дури 40 од сегашните 32. 

Гласањето треба да се изврши на седницата на УО во Цирих. Во меѓувреме швајцарската полиција  упадна во хотелот и уапси уште двајца високи функционери на ФИФА поради корупција со што внесе нов потрес во светската фудбалска организација. 
Во меѓувреме да потсетиме суспендирани на 90 дена се првиот човек на ФИФА Блатер и претседателот на УЕФА, Мишел Платини кој се сметаше за негов наследник.