Живот
23. May 2017 - 10:33

Сите му се поклонуваат: Родено јаре со едно око на чело

Во едно село во Индија пред 12 дена се роди јаре со едно око, а мештаните веруваат дека тоа е свето, па стотици почнаа да доаѓаат да му се поклонат на „божественото чудо“.

-Бев шокиран. Ова е како вистинско чудо. Луѓето сега доаѓаат да го видат јарето и да му се поклонат. Моја одговорност е да се грижат за него. Го хранам како и другите кози, вели сопственикот Мукури Дас.

Меѓутоа не станува збор за никакво чудо, туку јарето е жртва на заболување наречено киклопија, кое настанува кога двете хемисфери на мозокот нема да се раздвојат.

Ова јаде има деформиран нос и само едно уво, а на челото има само едно големо око без капак. Ветеринарите веруваат дека ова јаре нема да живее уште долго.