Сите митови се срушени - еве колку трае совршениот секс
Очигледно митолошките долги љубовни ноќи, за кои сонуваат жените (а мажите се обидуваат да им ги обезбедат) и за кои пишува во љубовните романи, немаат ништо заедничко со реалноста.
Најдобриот секс трае од 7 до 13 минути. Барем така тврдат американските научници. Според нив дури само 3 минути се доволни за добивање на адекватно задоволство.
Научниците спроведоа анкета меѓу неколку илјади луѓе, за да се утврди колку е според нив идеалното времетраење на сексуалниот чин.
Резултатите, објавени во Journal of Sexual Medicine, како најчест одговор наведуваат дека тоа е од 7 до 13 минути.
Сексот, кој трае од 3 до 7 минути, бил определен како соодветен, овој под 3 минути како премногу брз, додека чинот над 13 минути – за „премногу долго”.
Со ова истражување американските научници го разоткрија митот дека најдобриот секс задолжително треба да е и долг:
-Во фантазиите модел за машката сексуалност се големи пениси, тврди како камен и сексуална активност, која трае цела ноќ. Ние го гледаме тоа на кино, го читаме во книгите. Затоа многу мажи и жени веруваат во оваа фантазија. Во нашето истражување, сепак добивме резултатите од реалниот, а не на замислениот модел на сексуалноста, резимира д-р Ерик Кортни.
Според научниците, познавањето на овој реален модел ќе биде од корист за лекувањето на луѓето со сексуални тешкотии, а во поширока смисла на зборот тој ќе придонесе за намалување на случаите во кои се јавуваат сексуални дисфункции.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари