Бизнис
14. May 2016 - 21:08

Системот за наводнување на капка по капка во велешко дава резултати - Приносот на пченка и до 5 пати поголем

Наводнувањето со систем капка по капка неколкукратно го зголемува приносот во земјоделството.. Освен зголемено производство, на овој начин се постигнува и подобар квалитет.. Од агенцијата за поттикнување на земјоделството велат дека резултатите се видливи од проектот усаид за наводнување на пченка со систем капка по капка.. Приносот кај оваа култура се зголемува и до пет пати..

Според надлежните, кај македонските земјоделци има голем интерес за поставување на системи за наводнување капка по капка.. Поради ова, агенцијата за поддршка им нуди советодавна помош на земјоделците при набавката на ваков систем..

- ќе треба да имаме и повеќе апликации, значи како што најавиа ќе има и 80% поврат на средства за земјоделците. Значи ние сме тука за цела документација да ја склопиме.. Така да капката е иднината на земјодлеството, вели тони тасков, рак на аген за поддрш на земјоделствто..

Направените анализи покажуваат дека системите капка по капка заштедуваат и до 30% од потребите за наводнување..