Фудбал
20. October 2015 - 18:48

Сисе стави крај на кариерата

Французинот Џибрил Сисе обрјави дека од здравстевни причини мора да стави крај на својата фудбалска кариера.
- Некогаш е потребно да го слушнете „говорот“ на телото. Сега е готово, неможам да играм на високо ниво, изјави Сисе.
 
Неговата кариера често беше прекинувана поради повредите, а негов последен клуб беше Бастија, но не го продолжи договорот. Претходно 34-годишниот Сисе играше за Ливерпул, Оксер, Олимпик Марсеј, Панатинаикос, КПР, Сандерленд и Кубан. 
Во јануари оваа година му беше извршена и операција на колкот.
Негов најголем клупски успех е титулата европски шампион со Ливерпул, кога беше дел од големото финале во истанбул. За Франција одигра 41 натпревар и постигна 9 голови и го освои Купот на конфердерации.