Свет
2. July 2017 - 22:01

Сириските демократски сили навлегоа во Рака и од југ

Борци на коалицијата на арапски и курдски бунтовнички групи Сириски демократски сили (СДФ) денеска навлегоа во јужните делови на градот Рака, кој важи за престолнина на т.н. Исламски Калифат, што го прогласи џихадистичката група Исламска држава (ИД). 

Како што соопшти Сирискиот центар за мониториниг на човековите права, припадниците на СДФ ја преминале реката Еуфрати навлегле во Рака.

Истиот извор наведува дека ваквиот маневар на припадниците на СДФ имал за цел целосно опколување на борците на ИД во Рака, откако во четвртокот ја освоија територијата јужно од Еуфрат, со што го пресекоа и последниот канал за евентално повлекување на џихадистите од градот. 

Директорот на Сирискиот центар информира дека борците на СДФ во денешната акција презелр контрола врз реонот околку пазарот Ал Хал во Рака.

На 6 јуни борците на СДФ навлегоа во Рака од источната и од зашадната страна, при што презедоа контрола врз неколку населби во тие делови на градот, наидувајќи на жесток отпор на џихадистите.

Според Меѓународната коалиција за борба против ИД, која од воздух ја поддржува офанзивата на СДФ, во моментов во Рака се наоѓаат околу 2.500 џихадисти.