Балкан
24. April 2017 - 13:32

Сириски бегалци на Лезбос стапија во штрајк со глад

Група од 14 сириски бегалци кои се наоѓаат на грчкиот остров Лезбос, почнаа да штрајкуваат со глад во знак на протест против долготрајната проверка на документите за азил, јави ДПА.

Сиријците одбиваат храна од петокот, кога нивните молби за одобрување азил во Европската Унија им биле првостепено отфрлени, а обработката на жалбите трае со месеци. Полицијата одби да даде коментар.

Протестите се честа појава во грчките бегалски кампови, каде 13.800 имигранти престојуваат во мизерни услови, чекајќи нивниот статус да биде решен.