Свет
5. February 2018 - 23:43

Сириската армија обвинета дека извршила напад со хемиски отров

Невладината организација Сириско-американско лекарско здружение, која пружа медицинска помош во сириската граѓанска војна, денеска соопшти дека најмалку 11 лица била затруени со боев отров во градот Идлиб, кое е едно од главните упоришта на бунтовниците во Сирија.

Според организацијата, гасот бил фрлен од хеликоптери на сириската армија со импровизирани бомби изработени од буриња полни со хлор во гасна состојба. 

Организацијата објави снимки од лица кои претрпеле последици од вдишувањето на хлор.

Хуманитарната организаицја Бели Шлемови, пак, соопшти дека тројца нејзини активисти биле затруени при нападот.

Ова е трет случај во текот на месецов сириската армија да биде обвинета за хемиски напад врз бунтовничките позиции.