Свет
14. October 2017 - 19:45

Сириската армија го презеде градот Ал Мајдан од ИД

Сириската армија денеска со своите сојузници го презеде градот Ал Мајдан од екстремистичката Исламска држава.

Сириските медиум повикувајќи се на неименувани извори од сириската армија објавија дека се убиени голем број на припадници на ИД и оти во тек е деминирање на Ал Мајдан.

Ал Мајдан, кој се наоѓа во источна Сирија, беше едно од последните упоришта на ИД, од каде беа организирани нападите врз централните сириски региони откако џихадистите годинава изгубија поголем дел од територијата што беше под нивна контрола.