Свет
24. December 2015 - 10:32

Сирија подготвена да влезе во мировните преговори во Женева

Сирија е подготвена за учествува во мировните преговори во Женева со цел да се стави крај на бруталната граѓанска војна во земјата, изјави денеска сирискиот министер за надворешни работи Валид Муалем за време на официјалната посета на Кина.

- Сирија е подготвена да учествува во сириско-сирискиот дијалог во Женева без никакво странско вмешување, истакна тој на прес-конференција по состанокот со шефот на кинеската дипломатија Ванг Јиом.

Советот за безбедност на Обединетите нации минатата недела даде едногласна поддршка на планот за ставање крај на конфликтот во Сирија, кој подразбира повикување на бунтовниците и на претставниците на режимот на преговарачката маса. 

Со клучна поддршка на САД и Русија тој план има за цел воспоставување на примирје во Сирија, можеби следниот месец, кога преговорите би можеле да почнат.