Свет
12. April 2016 - 9:33

Сирија: ИД тврди дека соборила сириски воен авион

Сириската Опсерваторија за човекови права и Исламска држава тврдат дека џихадистите од екстремистичката организација собориле сириски воен авион за време на судирите западно од Дамаск. 

Опсерваторијата, со седиште во Велика Британија, нaведува дека не е познато што се случило со пилотот на авионот. 

Како што се наведува, авионот е соборен во близина на воздухопловната база Думајр во источниот дел на планината Каламун, природната граница со Либан. 

Новинската агенција Амак, која ги поддржува екстремистите, известува дека авионот паднал во база и дека во таа прилика се оштетени уште три летала. 

Амак, на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа, како што тврди, чадот кој се издига од базата Думајр.