Свет
25. April 2016 - 18:47

Сирија и Русија склучија договор за обновување на инфраструктурата

Сирија и Русија потпишаа договор за обновување на сириската инфраструктура во вредност од 850 милиони евра, изјави сирискиот премиер Ваел Надер ал Халки.

- Руската страна одговори на идејата за обновување на инфраструктурата и соодветно беа потпишани повеќе договори, истакна Ал Халки.

Според него, над 60 отсто од бензиските станици не работат и имаат потреба од гориво, пред да започне нивната експлоатација.

Тој нагласи дека, имајќи ги предвид случувањата, Сирија сепак успеала да ја зачува инфраструктурата, која ги соединува северните и јужните делови од земјата.