Свет
14. February 2016 - 15:16

Сирија ги повикува ОН да го запре турското гранатирање

Сириската Влада денеска го осуди турското гранатирање на курдските сили на северот на Сирија и ги повика Обединетите нации да дејствуваат, пренесува Танјуг.

- Министерството за надворешни работи остро ги осудува повторните турски злосторства и напади врз сирискиот народ и територијалниот интегритет на Сирија, јавува САНА.

Министерството го повика Советот за безбедност на ОН да ги „запре злосторствата на турскиот режим“, наведува сириската агенција.

Турската војска, втор ден по ред, ги гранатира позициите на курдските борци на северот на Сирија.