Македонија
21. February 2017 - 14:44

Сирени од Итна медицинска помош на Аеродромот „Александар Велики"

Вистинска драма се одвивала утрово десетина минути по полноќ на аеродромот Александар Велики, кога за пасошка контрола се пријавил 53-годишниот скопјанец И.Б. кој допатувал со авион на Wizzair од Малме.

Полциијата денеска информира дека скопјанецот бил пијан и загубил рамнотежа, по што удрил на аголот од кабината, при што се самоповредил. Му била укажана лекарска помош од медицинска екипа при ТАВ Македонија, а бидејќи се работи за посериозна повреда известена била екипа од Итна медицинска помош од чија страна бил однесен во некоја од скопските клиники во придружба на неговиот внук И.Е. од Скопје.