Синтија Никсон: Кристин е првата жена која сум ја бакнала
Актерката Синтија Никсон, која се прослави со улогата Миранда Хобс во серијата „Сексот и градот“, пред неколку години го напушти сопругот, затоа што се вљуби во жена.
Во изјава за Радио Тајмс таа сега првпат проговори јавно за врската со Кристин Маринони, која беше нејзина прва лезбејска врска во животот.
- Јас пред тоа не сум имала врски со жени, дури не сум ни бакнала жена, рече Синтија .
- Кога почнавме да се гледаме, Кристин само чекаше да почнам да правам паника околу наштата врска, како досега да не сум забележала дека таа е жена. Кога ја предупредив, престана да крева паника, рече таа.
Поради Кристин таа го остави сопругот, професор по англиски јазик со кој била 15 години и има две деца. Со својата нова партнерка во брак е пет години, а со неа има уште едно дете.
Ново на Сител
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје