Ф1
11. November 2015 - 12:14

Синот на Шумахер во посета на Ферари

Синот на Михаел Шумахер  го посети седиштето на Ферари во Маранело  каде се сретна со пријателите на неговиот татко Михаел Шумахер, неприкосновениот шампион на италијанскиот тим. 
Во разговорите беше вклучен и поранешниот инженер на екипата Лука Балдизери а посетата е во склоп на неговите тестирања на новиот болид со кој ќе се натпреварува во Ф-4. 
Неговиот татко Михаел и натаму е во тешка но стабилна состојба по повредите задобиени на француските алпи за време на скијање.