Живот
30. јуни 2017 - 14:21

Синот на Аркан на Видовден ја запроси својата девојка, еве како изгледа скапоцениот прстен

Војин Ражнатовиќ вчера на Видовден, ја запросил својата девојка со која неколку месеци веќе живее во Америка.

Синот на Жељко Ражнатовиќ Аркан сам ја сподели радосната вест, и објави фотографии од прстенот.

- Ништо поубаво од запросување на девојка на Видовден! Гласам за љубов. Ризикувам поради нејзе - напишал Војин.

Како што изјавил Војин крајот на минатата година, неговата девојка се вика Дана и е од Република Српска. Војин има 6-годишна ќерка од врската со Барбара Ванг.