Македонија
22. February 2018 - 16:21

Синот го убил таткото во Штип му помогнал него пријател - полицијата ги приведе

Синот си го убил таткото, покажа истрагата на штипскиот сектор за внатрешни работи. Вчера наутро Трајче Б., 62 годишен штипјанец беше пронајден мртов во неговата куќа на ул. Сутјеска и тоа токму од 29 годишниот Ѓ.Б., негов син кој живее на друга адреса. Полицијата се посомневала во неговата верзија, па веднаш беше приведен заедно со уште еден негов другар на возраст од 24 години. Имено, двајцата пристигнале ноќата во куќата на Трајче и започнале вербална расправија, но состојбата набргу се смирила.

- Пријавените искористиле прилика додека Т.Б. спиел на кревет во една од собите, при што, најпрвин физички го нападнале, удирајќи го со раце, со боксови и тапи предмети, по што прво пријавениот со нож му нанел неколку убоди во пределот на главата, од кои што повреди 62 годишниот Т.Б. починал-изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР-Штип

Индикативно е тоа што синот долго време е во инвалидска количка, како резултат на повредите здобиени во сообраќајна несреќа пред неколку години, а истрагата покажала дека тој всушност и нема 100 % хендикеп. Од ова произлегува дека тој цело време глумел беспомошност. Двајцата осомничени со кривична пријава се предадени на судија на претходна постапка.