Македонија
5. September 2016 - 16:33

Синоќа во Рим беше отворена изложба за животот и делото на Мајка Тереза

Фотографии, документи и наративен текст со најдлабоките размисли на Мајка Тереза беа претставени на синоќешната изложба „Мајка Тереза – светицата од Скопје, светицата на светот“ во црквата Свети Станислав во Рим.

Изложбата која беше отворена веднаш по официјалното прогласување на Мајка Тереза за светица ја покажува нејзината нераскинлива поврзаност со Македонија.

Наследството кое го остави Мајка Тереза е обврска за државата за нејзино достојно чествување. Чинот на канонизација  и во Макеоднија се одбележува со низа религиозни, културни и научни настани во организација на повеќе црковни, владини и државни институции, под наслов „Денови на света Мајка Тереза“.

И Македонската православна црква  на почетокот на следната година ќе прогчласи уште еден светец- епископот велички Гаврил Светогорец.

Во рамките на изложбата „Мајка Тереза – светицата од Скопје, светицата на светот“, беше прикажан и документарниот филм во кој е претставена нејзината хумана мисија, како и посетата на родниот град. НА отворањето присуствуваа претседателот Иванов и пшремиерот Димитриев.

19 години по нејзината смрт, мајка Тереза  вчера со свечена церемонија во Ватикан беше прогласена за светица. Плоштадот Свети Петар беше претесен за илјадниците поддржувачи на нејзиното дело.