Македонија
20. March 2018 - 10:48

Синоќа сканија удри во знак на патот Штип-Радовиш, возачот од Србија згрижен во болница

Синоќа во 22.45 часот на магистралниот пат Штип-Радовиш, на крстосницата со општинскиот пат за с.Селце, товарно возило влекач „Сканија Р500“ со српски национални и регистарски ознаки, управувано од Ш.С. (28) од Република Србија, удрило во сообраќаен знак.

Веднаш по незгодата, со возило на Итна медицинска помош возачот бил пренесен во Клинички центар Штип каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип. Во периодот од 23.00 до 05.00 часот на 20.03.2018 година, сообраќајот бил во прекин во двата правци.