Свет
25. July 2016 - 13:11

Синај: ИД уби египетски полицаец

Вооружени напаѓачи убија египетски полицаец во северен Синај. Одговорност за нападот презеде Исламска држава, соопшти египетското Министерство за внатрешни работи.

- Вооружени напаѓачи синоќа го убија полициски мајот во Ел Ариш, главниот град на Северен Синај, се посочува во соопштението.

Египетскиот огранок на ИД на Синајски Полуостров има убиено стотина полицајци и војници.