Фудбал
5. May 2016 - 11:46

Син ми не го сакаа во родниот Рим а сега е крал на Англија

И додека сите го следеа првенствениот дуел Челзи- Тотенхем тренерот на новиот англиски шампион Лестер, Клаудио Раниери ладнокрвно замина во родниот рим на вечера со својата 96 годишна мајка. Интересно е што човекот кој беше избркан од клупата на репрезентацијата на Грција и имаше во својата богата фудбалска историја и неуспешна авантура со екипата на Рома  сега се слави како крал на англискиот фудбал. Интересни се размислувањата на неговата мајка:

“Сите италијански медиуми го нарекуваат “крал на Англија”, можете само да го замислите тоа. Клаудио беше многу среќен кога разговаравме на телефон. Сега сите можеме да се опуштиме. Ми кажа дека составил тим од добри играчи и дека никогаш не тренирал толку добар тим”- откри мајката на Раниери.
 
Раниери во својата кариера ја водеше и Рома, а поради таа авантура жали и неговата мајка.
 
“Жал ми е како се заврши тоа, тој секогаш беше голем навивач на Рома. Го превзема тимот кога сезоната веќе беше започната. Не го респектираа колку што заслужуваше во неговиот град. Разочарана сум од тоа како сето тоа се заврши за него. Но сега е “крал на Англија” и е почитуван од целиот свет”- изјави 96 годишната мајка на Италијанецот.