Македонија
23. November 2017 - 8:57

Симулација на судење за дискриминација од областа на образованието

Симулација на судење за случај на дискриминација од областа на образованието: „Не дискриминирај!“ ќе се одржи денеска во организација на Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија и  Младински oбразовен форум.

Двочасовниот настан ќе има за цел да ја запознае јавноста, а особено младите, со дискриминацијата - во овој случај онаа која се случува врз основа на попреченост. Присутните ќе можат на креативен начин да се запознаат со парничната постапка како механизам за заштита од дискриминација.

Симулацијата е дел од проектот „Поддршка од граѓанското општество кон политиките за социјална кохезија и различностите“ поддржан од Британската амбасада во Македонија. Ќе ја изведат средношколци, членови на Учиме право програмата на Младински образовен форум. Преку оваа симулација организаторите сакаат да придонесат кон развивање на свеста дека секој треба да има еднаков пристап до образование.