Џет-Сет
17. November 2017 - 10:30

Силвестер Сталоне присилил тинејџерка на групен секс: Го повика телохранителот да ни се придружи, а потоа ми се закани

По скандалите со Харви Вајнстин, Кевин Спејси и Луи Си Кеј, на површина исплива уште еден инцидент во Холивуд на оваа тема.

Инцидентот се случил во 1986 година во Лас Вегас, кога жртвата, која бара да остане анонимна, имала 16 години, а Силвестер Сталоне имал 40 години.

Во полицискиот извештај од таа вечер стои дека тинејџерката пријавила дека имала доброволен сексуален однос со холивудската ѕвезда, но дека не се согласила да спие и со неговиот телохранител Мајкл де Лука.

-Спиев со него, но потоа тој го викна и телохранителот да ни се придружи, да имаме тројка. На тоа не се согласив, ама тој ме принуди. Ми рече дека ќе ми ја скрши главата ако кажам некому за тоа, рекла тогаш девојката.

Случајот уште тогаш, во 1986 година, бил пријавен во полиција и има полициски записник, но не биле преземени никакви понатамошни чекори.

Инцидентот се случил една година пред полусестрата на Сталоне, Тони Ен, да го тужи актерот за силување. Тврдела дека Сталоне сексуално ја злоупотребувал со години. Сталоне на полусестрата ѝ исплатил 2 милиони долари и се обврзал да ѝ уплаќа 16.000 долари месечно до крајот на нејзиниот живот.

Сталоне преку неговата пиар служба ги негираше тврдењата додавајќи дека никогаш некого не принудил на сексуален однос.