Фудбал
27. May 2017 - 10:20

Силва од Монако во Манчестер Сити

Португалецот Бернардо Силва е првото засилување за Манчестер Сити. Тој за „граѓаните“ потпиша петгодишен договор, а неговиот досегашен клуб Монако на име на обештетување ќе добие околу 50 милиони евра.
22-годишниот Силва имаше успешна сезона во дресот на Монако, постигна 11 голови, а имаше и двоцифрен број асистенции, притоа со својата екипа ја освои титулата во Франција и беше полуфиналист во Лигата на шампионите.
-         Да бидам искрен, сега сум во еден од најдобрите тимови од светот. Кога ќе добиете шанса да работите со тренер како Пеп Гвардиола, не може да се одбие таква понуда, изјави Силва.
Кариерата ја почна како играч на Бенфика, а потоа замина во Монако како позајмен играч. Откако заврши позајмицата тој потпиша договор со Монако. 
Во Манчестер Сити Силва ќе настапува во дресот со број 20.