Бизарно но вистинито
15. August 2017 - 12:57

Силувал и убил девојче (4) па го погубиле во центарот на градот: Осветата ја снимале до ужасниот крај!

Еден педофил од Јемен е погубен поради силување и убиство на девојче (4) во главниот град Сана, пренесува Дејли Мејл.

Хусен ал-Сакет (22) е застрелан пет пати пред неговото тело да биде обесено на дигалка пред голема група на граѓани која се собрала.

Ова е втора ваква казна за помалку од еден месец, а претставува демонстрација на моќ на оваа шиитска бунтовничка група која го контролира главниот град Јемен од воeниот удар 2014 година.

Ал Сакет ја киднапирал Сафу ал-Матари и ја силувал пред да ја убие и закопа.

Таткото на жртвата рекол дека педофилот дури учествувал во потрагата за неговата ќерка кога е откриен.

Тој смета да ваквото јавно извршување на казната ќе делува застрашувачки на криминалците.

Полицаец го убил педофилот кога пукал пет пати во неговото срце, а потоа неговото тело е обесено на дигалка.

Уште еден човек е јавно погубен на 31. јули затоа што силувал и убил 3-годишно девојче.