Македонија
25. July 2015 - 16:41

Силното сонце и врелиот асвалт се проблем за возачите

Секој ден Брза помош интервенира на три до четири сообракајќи со повредени во Скопје. Според лекарите покрај брзото возење, алкохолот и топлото време е една од причините за зголемениот број несреќи. Силното сонце и врелиот асфалт значително ја  намалуваат  концентарцијата на возачите.

-Се јавуваат главоболки, намалена концентрација, намалено внимание и тоа доведува до сообраќајна несреќа, изјави д-р Василаки Карабашев, Брза помош Скопје.

Лекарите советуваа на екстремно високи температури задолжително да се внимава и при влегувањето и излегувањето од климатизирано возило.

-Да се остават вратите и прозорците подолго отворени, да дојде до приближно изедначување на температурата истото важи и за излегување од климатизиран автомобил надвор, барем да се регулира климата и да биде до 10 степени разликата, додава д-р Карабашев.

Доколку не се почитуваат овие препораки граѓаните може да добијат инфаркт, вртоглавица, силни болки во градите или да колабираат, предупредуваат од Брзата помош. 

Од Здравствен дом Скопје информираат дека  на пунктовите за превентивни прегледи за превенција од топлото време дневно се откриваат по 20-тина нови лица со покачен притисок. Истите се упатуваат на дополнителен преглед кај матичен лекар.