Македонија
11. August 2016 - 8:11

Силно невреме во Македонија

Времето во Македонија претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне променливо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и умерен до засилен северен ветер, особено во северните и источните делови. Во вечерните часови локално процесите ќе бидат изразени во форма на невреме. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Температурата ќе се движи од 24 до 36 степени.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне променливо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и умерен до засилен северен ветер, особено во северните и источните делови. Во вечерните часови локално процесите ќе бидат изразени во форма на невреме.

Температурата ќе достигне до 33 степени.

Во петок ќе биде променливо облачно, ветровито и доста свежо со локален дожд претпладне. Ќе дува засилен до силен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 90 км/час и ќе предизвика значителен пад на температурата на воздухот. За време на викендот времето ќе биде стабилно и посвежо со умерен до засилен северен ветер.