Македонија
3. December 2016 - 20:49

Силна меѓународна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ

За 10 години Владата на Македонија  изгради 74 нови училишта, реконструира повеќе од 400, изгради нови 97 училишни и спортски сали, воведе бесплатно образование до 18 години, обезбедува бесплатни учебници посочи Спиро Ристовски на регионалниот форум за образование. Македонија има перспективи преку долгорочен развој на образованието рече Ристовски .Според него  овој состанок се оддржува во вистинско време и  Европската народна партија со конкретни активности ја дава целосната поддршка за ВМРО ДПМНЕ.

Според претставникот на институтот Роберт Шуман, овие теми се многу важни доколку Македонија сака да ги подигне животните стандарди согласно европските. Тој упати честитки до ВМРО ДПМНЕ за довербата која ја влеваат кај младите и жените да земат учество во политичкиот живот.

Партијата има огромна поддршка во сите проекти и реформи кои се дел и од новата програма Реално на ВМРО ДПМНЕ вели Николовски.  Тоа се докажува и со секојдневните гостувања на високи гости од сестринските партии на секој митинг на партијата.

Пред претставниците на пред се десничарските сестрински партии на партијата на власт од Албанија, Босна и Хрецеговина, Србија и Косово, а во организација на институтите „Роберт Шуман“ и „Павел Шатев“, Ристовски презентираше дел  од спроведените и ефектуирани реформи во македонското образование.  Тој истакна дека за време на нивниот мандат отвориле три нови универзитети, 32  факултети, 65 диспанзирани студии, а и ја намалиле партиципацијата за студирање за шест пати.