Македонија
1. January 2016 - 15:50

Силна експлозија во Кабул

Главниот град на Авганистан, Кабул денеска го потресе силна експлозија. Според очевидци, експлозијата се случи во кварт во близина на амбасадите и владините згради.

Портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи Седик Седики изјави дека најверојатно станува збор за напад врз ресторан, кој е посетуван од странците кои живеат во Авганистан.

Тој не прецизира дали во нападот ила повредени или загинати луѓе.