Македонија
26. September 2017 - 13:37

Силна експлозија предизвика вознемиреност во Стајковци

Вчера околу 21.00 часот во с.Стајковци, скопско, во дворот од куќата сопственост на А.Н. експлодирала експлозивна направа, од која има оштетување на куќата и на патничко возило „Рено“ со скопски регистарски ознаки.

Повредени лица нема. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.