Свет
12. December 2017 - 11:26

Силна бура во Австрија предизвика големи материјални штети

Снежна бура, со топли температури нанесе големи штети во многу делови на Австрија.

Најмногу работа пожарникарите имаа во текот на ноќта и утринските часови во покраините Штаерска и Корушка, каде бурата откорна повеќе кровови на згради и на куќи, искорна стебла, блокира патишта. На станицата за мерење кај северниот портал Тауернтунел, на надморска височина од 2.090 метри измерена е брзина на ветрот од  249 километри на час. 

Во општината Фелкламаркз е активирано граѓанско предупредување - жителите се повикани да ги напуштат куќите, градинките и училиштата се затворени на територијата на целата општина, а 6.000 домаќинства се без струја. 

Граничните премини Пауличсател и Зебергсател се привремено затворени, а блокирана е и регионалната железничка пруга.

И на територијата на општина Бад Ајзенкапл надлежните власти во раните утрински часови издадоа граѓанско предупредување и ги затворија сите институции. Жителите се повикани да останат дома, а упатен е повик војската да помогне во расчистување на штетата.

Местото Ферлах, каде што ветерот достигна брзина од 120 километри на час, е привремено отсечено од останатиот дел на државата, бидејќи сообраќајниците се блокирани поради стебла искорнати од ветрот, но и поради скинати далекуводи.

На патиштата Б76 помеѓу Холнег и Шванберг, како и Б74 помеѓу Дојчландсберг и Мос Санкт Петер има дрва на патот, изјави Франц Штромајер од противпожарната служба.

Во покраината Тирол поради бурата дошло до прекин на железничкиот сообраќај бидејќи ветрот однел делови од кровот на железничката пруга во Хал.  

Во однос на временската температура, најтопло е во Фелдирх, 17,6 степени.