Loading Video...
Свет
14. May 2017 - 20:08

Силен земјотрес во Иран, најмалку тројца загинати

Најмалку три лица загинаа, а стотици се повредени во земјотрес со магнитуда од 5,8 степени според Рихтер, што го погоди североистокот на Иран.Според податоците на иранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Боџнурда, во провинцијата Северен Корасан.Околу 60 повредени се хоспитализирани по потресот регистриран синоќа  во кој се урнати над 40 отсто од куќите во неколку села.