Свет
6. October 2017 - 10:45

Силен земјотрес ја стресе Јапонија

Земјотрес со интензитет од 6,3 по Рихтеровата скала е регистриран денеска во близина на источниот брег на Јапонија.

Епицентарот е на длабочина од 10 км во морето и паралелно на префектурата Фукушима. Засега нема издадено предупредување за цунами, ниту информации за жртви или штети. 

Пред две седмици јапонскиот брег, близу Фукушима беше погоден од земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтеровата скала