Свет
9. May 2017 - 9:03

Силен земјотрес ја стресе Јапонија

Силен земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во јужниот дел на Јапонија.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина на 10 километри во морето во близина на островот Мијако, а јапонската Метеоролошка агенција предупреди на помали промени на нивото на морето, но не издаде предупредување за појава на цунами.

Се уште нема информации за евентуални човечки жртви ниту за причинета материјална штета.