Македонија
11. September 2016 - 18:55

Силен земјотрес ги разбуди Скопјани

Силен земјторес ги разбуди Скопјани. Утринава во 6 часот и 58 минути беше почуствуван земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата Скала. Неколку минути подоцна се почуствува и вториот земјотрес со јачина од 2,8 степени. Епицентарот на земјотресот е само на 4 километри од центарот на Скопје во близина на селото Црешево, додека хипоцентарот е 2 километри длабочина под површината на земјата.

Скопјани видно вознемирени и исплашени се собраа пред своите домови и згради во исчекување на нови потреси. Според сеизмолошката опсервација при природно математичкиот факултет простор за паника помеѓу граѓаните не треба да има. Нивното досегашно искуство покажало дека не се очекува друг посилен земјотрес

Според др. Чејковска, земјотреси со ваква јачина како денешниот се случуваат на период од 10 до 15 години. Тие се резултат на редовната регуларна сеизмичка активност во скопското епицентрално подрачје. Граѓаните беа сведоци на еден таков земјотрес во 2004-та година. Според неа не треба да се очекува да се повтори катастрофалниот земјотрес од 1963-тата година што го погоди Скопје.

И граѓаните беа видно вознемирени од денешниот земјотрес. На дел од нив им се вратија сеќавањата од катастрофалниот земјотрес од 1963-тата година.

Земјотрес е природна појава, којашто е резултат на поместувањето на тектонските плочи, движењето на земјината кора, при што се ослободува голема енергија што води до потресување на земјата.

Јачината на потресот зависи од повеќе фактори, како што се количината на ослободена енергија, длабочината на хипоцентарот, оддалеченоста од епицентарот и составот на земјината кора. Земјотресот се манифестира со потрес или дислокација на земјиното тло. Во Македонија најтрусно подрачје е Вардарската долина. Според статистиките дури  8% од сите земјотреси во Европа се случуваат на територијата Македонија.