-->
-->
Силен ветер корнеше дрвја и ја прекина струјата во Шкотска и северна Англија
-->
Силрн ветер, со бризина до 42 метри во секунда, изминатата ноќ и утринава предизвика многу штети во Шкотска и северна Англија, блокирајќи важни автопатишта, пренесе ТАСС.
Ветрот соборуваше дрвја и ѕидови од тули и предизвика прекини во електроводите.
Славниот 2,5-километарски мост „Форт Роуд Бриџ“, што ја поврзува престолнината на Шкотска, Единбург, со североисточниот дел на британската провинција, е затворен за движење откако силниот ветар преврте товарен автомобил што се движеше по него.
Соборените дрвја блокираа многу патишта во западен Јоркшир.
Британската метеоролошка служба издаде предупредување за силен ветар и врнежи од снег во Шкотска, северниот дел на Англија и северна Ирска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица