Фудбал
26. August 2017 - 19:31

Силекс – Пелистер 1:4

Екипата на битолски Пелистер е нов лидер на Првата фудбалска лига откако попладнево во дербито на 3.коло како гостин го совлада Силекс во Кратово со 4:1. Најзаслужен за триумфот е Оливер Пеев кој постигна хет-трик, а четвртиот гол го постигна Баже Илијоски. Силекс на крајот успеа да го намали поразот со голот на Филип Тимов.

Прв триумф во новиот шампионат забележа Победа откако на домашен терен го победи тимот на Шкупи со 2:1, додека без голови 0:0 заврши дуелот Скопје – Ренова.

Утре од 16:30 часот во Тетово се игра дуелот Шкендија – Академија Пандев. Натпреварот Работнички – Вардар е одложен.

Табела: Пелистер 7 бодови, Шкендија 6, Силекс 6, Академија Пандев 4, Вардар 3, Победа 3, Работнички 2, Ренова 2, Скопје 1, Шкупи 1.