Фудбал
30. April 2017 - 20:27

Силекс - Брегалница 3:2

ајинтересниот натпреврар од 30.коло во ПМФЛ се одигра во Кратово каде Силекс ја победи Брагалница со 3-2. 
 
Иако домашниот тим водеше со 1:0 уште во 12.минута со голот на Игор Филиповиќ, до трите бодови против Брегалница стигна во деведесеттата минута. 
 
Во вториот дел со погодоците на Бобан Георгиев (68.минута) и Ристе Наумов (79) штипска Брегалница направи пресврт и поведе со 2:1. 
 
Но, домаќините не се предадоа па со головите во последната минута на Глигор Глигоров, а потоа и Дарко Додев, Силекс се радуваше на победа со 3:2.